• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Пелистер веќе ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната, а „зелено-белите“ во меѓувреме го договорија и првото засилување во 2026 година.
Станува збор за Бранден Џенкинс, американски бек-шутер кој треба да биде од голема корист во клучниот дел од сезоната. Џенкинс е добро познат во регионот по одличните настапи во дресот на Морнар во АБА лигата. Американецот имаше одлични настспи, а најдобрата партија ја прикажа против Црвена Звезда, меч на кој реализираше 27 поени, со два скока, две асистенции и четири украдени топки.
Минатиот месец настапуваше во шампионатот на Либан, во дресот на Тадамон, каде имаше просек од 10 поени, четири скокови и 2,5 асистенции по натпревар.
Џенкинс ќе го заземе местото на Си-Џеј Вилсон, кому управата му се заблагодари за соработката во првиот дел од сезоната и му посака многу среќа во следните ангажмани.












