• Иван Димовски

Екипата на Голден Стејт Вориорс е нови првак во НБА лигата, седми пат во својата историја, а четврти во последните седум години. Во финалната серија „воините“ беа подобри од Бостон Селтикс, победувајќи во шест натпревари (4-2).
Славјето не успеаја да го темпираат пред своите фанови, меѓутоа Вориорси си го одбележаа трофејот и во Бостон. За време на славјето во соблекувалната на „ТД Гарден“, дојде до интересен разговор меѓу ѕвездата Клеј Томпсон и српскиот ас Немања Бјелица. Србинот му дофрли на шутерот: „Е*ено те сакам“, а овој му возврати со ветување дека ќе дојде во Белград.
- Краткиот разговор на Томпсон и Бјелица:
Генерацијата на Голден Стејт ќе остане запаметена по четирите трофеи во седум сезони, како една од најуспешните во историјата.