• Иван Димовски

На кошаркарските терени во НБА лигата ноќва се одиграа доста натпревари. Фаворитите одиграа според планот и запишаа победи.
Шампионот Голден Стејт се измачи, меѓутоа по продолжение ја совлада Атланта со 143-141. До овој триумф екипата ја предводеше Клеј Томпсон, кој го заврши натореварот со 54 поени, а на спротивната страна најрасположен за игра беше Тре Јанг со 30 поени и 14 асистенции. Во голема драма и богато продолжение, средбата во Сан Франциско на крајот заврши со домашен триумф.
Гостинска победа запишаа кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс кај Шарлот Хорнетс (115-121). Иако одново играа без Ентони Дејвис, „езерџиите“ успеаја да врзат две победи во низа. Леброн Џејмс со „дабл-дабл“ од 43 поени и 11 скока беше најдобар на паркетот, додека кај домашните се истакна Розие со 27 поени.
- Шарлот Хорнетс - ЛА Лејкерс:
Лука Дончиќ диригираше до нова победа на Далас во дербито на Тексас, против Хјустон од 106-111. Словенечкиот ас имаше силен „дабл-дабл“ со 39 поени, 12 скока и осум асистенции, водејќи ги Мавси до седмото последователно славје во НБА лигата.
На останатите терени, Кливленд славеше против Чикаго (145-134), Индијана беше подобра од Торонто (122-114), Филаделфија триумфира со Њу Орлеанс (120-111), Бруклин беше убедлив со Сан Антонио (139-103), Минесота победи против Денвер (124-111), Портланд го совлада Детроит (135-106), а единствената гостинска победа ја запиша Мајами кај Клиперси (100-110).