• Иван Димовски
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс славеа на домашниот меч против Далас Маверикс (120-117) во НБА лигата. Средбата во „Чејс Центарот“ беше неизвезна и драматична до самиот крај, а во последните секунди тројка за продолжение промаши Лука Дончиќ. Ова беше интересен меч бидејќи првпат пред публиката во Сан Франциско како противник се појави Клеј Томпсон.
- Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс:
Што се однесува до поентерите, Стеф Кари со 37 беше апсолутно најдобар на паркетот водејќи ги „воините“ до победата. Кај Далас се истакна Дончиќ со 31, а Томпсон уфрли 22 поени.
На останатите терени Портланд слави против Минесота (122-108), Атланта минимално го совлада Бостон (116-117), Детроит беше подобар од Мајами (123-121), Орландо триумфира против Шарлот (114-89), Њујорк ја победи Филаделфија (99-111), Милвоки се радува против Торонто (99-85), а Јута загуби дома од Феникс (112-120).