• Саше Љолес
Клеј Томпсон официјално започнува ново поглавје во кариерата, откако потпиша двегодишен договор со Мајами Хит, вреден околу 11,5 милиони долари.
Искусниот кошаркар откри дека токму амбициозната средина во Мајами била една од главните причини поради кои ја избрал оваа екипа.
„Знам дека овде има високи барања и токму тоа ме привлече. Веќе сум почувствувал како изгледа да се победува и нема ништо слично на тоа. Можноста повторно да се борам за највисоки цели беше многу важна за мене“, изјави Томпсон.
Тој претходните две сезони ги мина во Далас Маверикс, додека пред тоа цели 13 години беше дел од Голден Стејт Вориорс, со кои освои дури четири шампионски титули.
Американските медиуми објавија дека Томпсон прифатил помалку пари за да пристигне во Мајами и да биде дел од тимот во кој се Јанис Адетокумбо, Бем Адебајо и Ендру Вигинс.
„За мене ова е можност за нов почеток и шанса да покажам дека сè уште можам да играм на највисоко ниво. Едвај чекам да започнам со работа. Неверојатно е што сум тука и навистина сум привилегиран“, додаде 36-годишниот Томпсон.
Мајами со неговото доведување во тимот значително ги зголемува амбициите за сезоната, во која навивачите сигурно ќе очекуваат длабока „пловидба“ во плеј-офот.
