• Саше Љолес
Кошарската репрезентација на Хрватска доби нов селектор во името на Томислав Мијатовиќ, кој ќе ги води „коцкестите“ претквалификациите за Светското првенство.
Се работи за тренер со долгогодишно искуство на највисоко ниво, а лани беше назначен и за прв тренер на Анадолу Ефес, пред доаѓањето на Италијнецот Лука Банки.
„Големо благодарам на сите што ми укажаа доверба. Ова е огромна чест, ветувам дека ќе работам со максимални напори за да бидеме одлична репрезентација.
Пред нас е патот кој води на најголемата сцена, мора да покажеме единство, добра атмосфера и голема желба за највисоки дострели“, изјави новиот селектор. 0
Мијатовиќ ја започна кариерата како помошник во Цибона во далечнат0.а 2001 година, а од 2010 година е асистент во турскиот гигант и двократен европски шампион.
Фото/Foto: HKS