Толку од Турција, Американецот Дорси се враќа во Олимпијакос

Тајлер Дорси се враќа на местото каде е миленик на навивачите. Американско-грчкиот кошаркар повторно ќе го облече дресот на Олимпијакос и ќе се обиде со атинскиот гигант да го нападне тронот во Евролигата. 

Дорси имаше кратка авантура во Далас Маверикс од НБА лигата, а минатата сезона ја мина како играч на Фенербахче, каде просечно бележеше 8,7 поени, 1,8 скока и 1,2 асистенции по натпревар. 

28-годишниот бек-шутер потпиша договор со траење од две години, со можност за продолжување на соработката.