• Саше Љолес
Белградски Партизан втора година по ред остана без плеј-оф во Евролигата, а информациите што доаѓаат од северниот сосед велат дека тренерот Жељко Обрадовиќ најверојатно ќе го напушти клубот по истекот на сезоната.
Навивачите се незадоволни и дел од нив бараат промена на клупата, што значи дека популарниот „Жоц“ би можел да биде заменет со друг негов колега, а како најсериозен кандидат се споменува Андреа Тринкиери.
Италијанецот во моментов е предводник на литванскиот Жалгирис, но би можел да се врати во Белград и повторно да го преземе клубот каде работеше во периодот помеѓу 2018 и 2020 година. Интересно е и тоа што токму Жалгирис беше тимот што му го нанесе пресудниот пораз на Партизан, по кој српскиот гигант ги загуби сите шанси за пласман во разигрувањето.
Се очекуваат повеќе информации во следниот период, но сигурно е дека Партизан дефинитивно сака да направи одредени промени за следната сезона.