• Саше Љолес
Изгледа дека етапата на Александар Везенков во НБА лигата полека завршува. Иако Бугарниот лани замина во потрага по минутажа во најсилната светска конкуренција, сепак тој се враќа во Европа, и тоа во добро позната средина, каде настапуваше и порано.
Според грчкиот портал „СДНА“, Везенков го договорил трансферот во Олимпијакос и наскоро се враќа во тимот каде настапуваше од 2018 до 2023 година, но овој пат потпишува петгодишен договор со кој ќе го бетонира својот престој во Атина.
Бугарскиот репрезентативец ќе заработува по 3,7 милиони евра годишно, а севкупната сума, заедно со предвидените бонуси, може да порасне до 20,5 милиони за пет години. Во договорот е предвидено да добие стан од 75м2, како и автомобил кој ќе биде препишан на негово име.
Везенков ја започна кариерата во Арис од Солун, а исто така настапуваше за Барселона и за Сакраменто Кингс. Во дресот на „кралевите“ просечно играше по 12 минути, бележејќи просек од 5,3 поени и 2,2 скока по натпревар.