Толку од НБА: „Детето“ на Реал Мадрид повторно во најтрофејниот европски клуб

Управата на кошаркарскиот гигант, Реал Мадрид, го потврди враќањето на центарот Усман Гаруба, кој по три години повторно ќе го облече „кралскиот“ дрес. 

Високиот кошаркар потпиша договор со важност до јуни 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште две сезони. Гаруба беше член на Реал од 2013 до 2021 година, а потоа замина во НБА лигата, каде настапуваше за Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс. 

Минатата сезона ја мина како член на тимот Санта Круз Вориорс, а таму просечно бележеше „дабл-дабл“ ефект од 13,6 поени, 11 скокови и 1,2 блокади по натпревар. Гаруба е четврто засилување за Реал Мадрид летово, откако претходно беа потпишани договори со Андрес Фелиз, Серџ Ибака и Ксавиер Ратан-Мајес.