Тоијала: Македонија е квалитетна и борбена екипа, симнувам капа за одиграното

Естонија си ја оствари целта и избегна висок пораз против Македонија. Тоа значи дека естонската репрезентација ќе игра на Евробаскетот наредната година.

Селекторот Јука Тоијала по мечот ја пофали борбеноста на македонскиот тим, кој на крај успеа да извлече минимална победа.

„Прво треба да кажам дека Македонија е одличен тим кој не се откажува. Тие покажаа борбеност и се вратија од -16 против Италија. Им симнувам капа за тоа. Среќен сум за нашиот успех и пласманот на ЕП. Работам со оваа одлична група повеќе од една година и мислам дека ова ќе биде големо искуство за сите нив.

Тренерите секогаш се грижат, но бев уверен во обезбедување на добар резултат. Во последен момент сфативме дека не смееме да дозволиме да има продолжение. Ова беше луда завршница, играчите сакаа да победат, но сфатија дека е подобро било кој друг резултат“, рече Тоијала.

Естонците покажаа дека се квалитетна екипа, која успеа да победи на првото соочување со Македонија во Скопје.