Тоијала: Добро ја анализиравме Македонија, треба многу да внимаваме на...

Естонија е последната пречка за Македонија на квалификацискиот турнир за Евробаскетот во Перм, Русија. Двоцифрена победа ја носи нашата репрезентација на континенталниот собир. Противникот загуби од Русија на последниот меч, но како да чуваше сили за она што следува денес.

Естонскиот селектор Јука Тоијала нема дилема на кои кошаркари мора најмногу да внимава на денешната средба.

„Добро ја анализиравме македонската репрезентација и ги знаеме сите детали од нивната игра. Сите знаат кои се нивните клучни играчи. Мора да посветиме повеќе внимание и да покажеме солидна игра во одбрана против Димитријевиќ и Вајли“, рече Тоијала.

Димитријевиќ е пријавен за настап, иако имаше болен удар во коленото на дуелот со Италија. Александар Тодоров во последен момент ќе одлучува дали ќе му даде шанса или не, во зависност од неговата состојба.

Дуелот меѓу Македонија и Естонија се игра денес со почеток од 15:00 часот.