Тофаш на Емил Рајковиќ го урна и славниот Анадолу Ефес!

Турскиот кошаркарски суперлигаш, Тофаш, кој е предводен од нашиот тренер, Емил Рајковиќ, извојува нова голема победа во домашното првенство, откако славеше над славниот Анадолу Ефес со конечен резултат 86-79. 

Тимот на Рајковиќ дојде до победата со одлична игра во последната четвртина, која ја доби со 27-19. На паузата резултатот гласеше 47-47. 

Мексиканецот Алекс-Перез Кауфман беше најдобар поединец кај победниците со 18 поени и девет асистенции, а во тимот на Игор Кокошков дванаесет поени постигна Џордан Лојд. 

За Тофаш ова беше петта победа во шампионатот, додека Анадолу Ефес сега има скор од шест победи и три порази.