• Иван Димовски

Кошаркарите на Маџари го загубија првиот меч од финалната серија против МЗТ Скопје (84-77). Дебитантот во елитата се покажа одлично оваа сезона, а по поразот во Аеродром свој коментар даде тренерот Миодраг Тодоровиќ.
„Се боревме до самиот крај и го оставивме срцето на теренот. Во одредени моменти ни недостасуваше и малку среќа, а некои наши грешки и изгубени топки беа казнети со лесни поени за МЗТ. Сепак, едно никој не може да ни го одземе - желбата, карактерот и борбата што ја покажавме вечерва. Ова не е крај. Во среда излегуваме уште посилни, помотивирани и подготвени да го дадеме максимумот за следниот натпревар. Откажување нема. Предавање нема. Ќе се бориме до последната секунда!“, изјави Тодоровиќ.
Вториот натпревар се игра исто така во СЦ „Јане Сандански“ в среда од 18:00 часот.



