• Горан Упале

Тренерот на кошаркарскиот клуб Маџари, Миодраг Тодоровиќ беше задоволен по триумфот на својот тим во полуфиналната пресметка против ТФТ, потенцирајќи дека неговите избраници одиграле токму онака како што доликува на натпревар од ваков ранг.
„Пред сè сакам да им ја честитам победата на моите играчи. Одигравме машки, како што и доликува на едно полуфинале. Направивме голем чекор, но работата не е завршена – сега треба да бидеме уште повеќе сконцентрирани, фокусирани и гладни за победа“, изјави Тодоровиќ.
Посебна благодарност тренерот упати и до навивачите, кои со својата поддршка од трибините му дадоа дополнителен мотив на тимот.
„За публиката која дојде да нè поддржи во салата, не постојат зборови со кои можеме да им се заблагодариме“, додаде Тодоровиќ.
Вториот натпревар од серијата меѓу ТФТ и Маџари се игра на 11 овој месец.




