• Мартин Танасковски

Првиот тренер на Маџари, кој ќе биде наредниот предизвикувач на МЗТ Скопје во финалето, Миодраг Тодоровиќ, најавува борба во првото финале на дебитантот до последниот атом на енергијата.
„Пред се, сакам да им честитам на двете екипи за влез во финалето. Интересно е дека првенството оваа година започна со натпреварот МЗТ Скопје – Маџари, а така и ќе заврши. Што се однесува до мојата екипа, едно сигурно знам, дека ќе дадеме се од себе, Секој атом од силата, ќе се бориме секоја секунда, за секој поен, за секој посед! Не доаѓаме во Аеродром со бело знаме, напротив. Одиме до крај, и сакаме оваа наша бајка од соништата да има среќен краj“, изјави Тодоровиќ.
Тодоровиќ е еден од најмладите тренери на кои им пошло од рака да ја предводат својата екипа во финалната серија на плеј-офот која го одредува и најдобриот во една натпреварувачка сезона.



