Тодоров: Во ситуација сме кога мора да дадеме сè од себе за победа

Екипата на МЗТ Скопје по тешкиот пораз од Црвена Звезда, во АБА-лигата се враќа на домашен терен и игра против Мега Бемакс, а стратегот Александар Тодоров вели дека аеродромци ги чека тежок натпревар во кој мора да дадат се од себе ако сакаат победа.

„Во ситуација сме кога треба да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до триумф со кој ќе ја прекинеме низата порази. Против себе имаме кој е во релативно слична ситуација како нас и кој исто така ćе влезе во голем императив за победа. Мега Бемакс со години наназад е расадник на таленти и секогаш е тешко да се игра против млад состав кој е желен за докажување. Мора добро да одговориме на нивната агресивна игра, да го наметнеме нашиот стил и да пробаме да ги искористиме сите слабости во нивната дефанзива. Ако успееме во тоа, тогаш ќе бидеме блиску до посакуваната цел“, вели Тодоров.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Мега Бемакс се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19.00 часот.