Тодоров со Симиќ и Савиќевиќ во составот против Италија

Македонската репрезентација денес ќе се сретне со Италија, во третиот меч на квалификацискиот турнир за Евробаскетот во Перм.

Селекторот Александар Тодоров направи две промени во тимот кој ќе се сретне со „азурите“. Нови имиња во нашиот состав се Теодор Симиќ и Лука Савиќевиќ.

Во конкуренција за настап ќе биде и Дамјан Стојановски, чија повреда на зкочниот зглоб против Русија се покажа дека не е толку сериозна.

Арената „Молот“ во Перм ќе биде местото каде македонските кошаркари ќе се обидат да го избегнат третиот пораз на турнирот.