Тодоров: Сами се доведовме во оваа ситуација, сами и ќе се извлечеме

Лош пристап, постојано ловење на противничкото водство и предвидлив пораз за кошаркарите на МЗТ Скопје во дуелот со директниот конкурент, Мега Бемакс. Финалните 76-92 реално покажуваат како се играше во текот на сите дуелот во која три четвртини гостите од Србија беа подобар ривал. 

„Aко 30 минути играте млако, а потоа за десет минути се обидувате да направите подвиг, ретко кога ќе успеете. Загубивме важен натпревар од директен конкурент за опстанок, самите се доведовме во оваа лоша ситуација и самите ќе се извлечеме. Само првите пет минути во четвртата четвртина ме задоволуваат, а тоа е премалку да се победи Мега“, истакна Тодоров на прес-конференцијата по мечот.

МЗТ Скопје пред своите гледачи третпат по ред заминува со наведната глава, откако Задар и Блокотехна славеа побеи во СЦ „Јане Сандански“ во претходните две недели.