Тодоров пречкрта две имиња, познат составот за турнирот во Талин

Александар Тодоров го одбра тимот со кој што ќе патува во Естонија, каде ќе одигра два меча во рамки од квалификациите за Евробаскетот 2022.

Македонскиот селектор се откажа од две имиња во пресрет на патувањето за Талин. Шанса за настап нема да добијат Дамјан Робев и Андреј Митревски. Во ростерот ќе биде и новиот репрезентативец Џејкоб Вајли, како и вториот „странец“, Војдан Стојановски.

  • Љубомир Младеновски (Работнички)
  • Виктор Ефремоски (Работнички)
  • Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Марко Симоновски (Кожув)
  • Бојан Трајковски (Пелистер)
  • Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
  • Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Патот до естонската престолнина за македонските репрезентативци ќе ги однесе најпрво во Софија, а потоа преку Франкфурт се очекува да пристигнат на конечната дестинација.

Противници на Македонија на овој турнир ќе биде домашната репрезентација на Естонија, како и фаворитот во групата Италија.