Тодоров: Оваа група момци има иднина, нè чекаат уште три тешки меча

Македонската кошаркарска репрезентација впиша нов пораз во квалификациите за следното Европско првенство, но нималку не разочара со својот настап против фаворизираната Италија. 

На крај, редовниот учесник на големите настани мораше да се помачи за да ја совлада разиграната Македонија (92-84), а селекторот Александар Тодоров по натпреварот на официјалната прес-конференција изјави:

„Игравме против селекција која е прва на ФИБА ранкингот. Успеавме, не само да одиграме една добра четвртина, туку долго време го имавме водството кај себе. Покажавме сосема друго лице, во однос на она од пред една година. Оваа група момци имаат светла иднина и горд сум на нив. Нè чекаат уште три натпревари, кои се екстремно тешки, но на крај се ќе се сведе на еден дуел, в понеделник против Естонија“. 

  • Прес-конференцијата на македонската репрезентација: 

Следен противник на нашите избраници е селекцијата на Русија, дуел кој се игра утре, исто така од 15:30 часот.