Тодоров: Одбраната ќе биде клучна, мораме да ја сопреме Естонија да не даде 90 поени

Александар Тодоров денес ќе означи почеток на тренинзите и припремите за новиот квалификациски циклус за Евробаскетот догодина. Селекторот се одлучи за подмладена репрезентација со неколку дебитанти, но надежите за пласам меѓу најдобрите во Европа не недостигаат. 

Тодоров на прес-конференцијата зборуваше и даде свое мислење за шансите и состојбата на нашата селекција, но и кратка анализа за Естонија..

„Ова е најдобриот состав кој го имам во моментов, имајќи ја во предвид здравствената состојба, но и волјата на играчите. Тука веќе нема да има молење за игра во репрезентацијата, задоволен сум и среќен што не добив многу негативни одговори за настап. Важно е да се подготвиме добро овие шест дена до дуелот со Естонија. Ги анализиравме, имаме подготвено видеа и анализи за главните играчи на тимот. Предност за нас е дека го играме првиот натпревар на домашен терен“, започна селекторот. 

<<< ПОВРЗАНО - Гечевски: Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија

<<< ПОВРЗАНО - Стојановски: Дуелот со Естонија е битен, се надеваме на добар здравствен билтен

Сепак, иако е потенциран како клучен дуел, селекторот смета поинаку. Тој нагласи дека мора да се добијат повеќе дуели за да се обезбеди пласман на Евробаскетот. 

„Естонија е прва средба и сите сме фокусирани на неа, но со еден добиен меч не може да се пласираме на Европско првенство. Мора да се победи и втор, па и трет дуел“

Селекторот зборуваше и за клучните елементи кои ќе ја одлучуваат средбата со Естонија. 

„Имаме предности, но ги знаеме и недостатоците. Процентите за шут ќе бидат многу важни, бидејќи ќе играат две шутерски екипи. Сепак, мораме да ја спречиме Естонија да постигна 90 поени. Одбраната ќе биде клучен фактор и мора да се ограничат шутерите“, заврши Тодоров.

Македонија во овие квалификации ќе одигра по два натпревари со Естонија, Русија и Италија, а најдобрите три селекции патуваат на шампионатот кој се игра во Чешка, Италија, Германија и Грузија.