Тодоров: Нашата најголема победа е што никогаш не паѓаме, туку растеме се повеќе...

Македонија може да жали што нема да биде дел од Евробаскетот 2022. На квалификацискиот турнир во Перм победивме против Италија и Естонија, но тоа не беше доволно за пласман на големото натпреварување.

Тимот покажа дека знае да се надигрува со големите репрезентации, а тоа го радува селекторот Александар Тодоров.

„Нашата најголема победа е што никогаш не паѓаме, туку растеме се повеќе, секој пат штом паднеме. Благодарност до сите во тимот за ова неверојатно, но не целосно исполнето патување. Горд сум што бев тренер на овие 15 момци.

И да не заборавам, среќен роденден Нено“, порача Тодоров, кој не заборави на роденденот на нашиот Димитријевиќ.

Македонската репрезентација ќе добие можност да игра претквалификации за Светското првенство во 2023 година. Нашите кошаркари ќе бидат дел од групите од кои ќе можат да влезат во главните квалификации и да се борат за нов успех.