Тодоров ги потврди 12-те играчи кои се најдоа во протоколот за Италија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров ги откри адутите за првиот натпревар од квалификацискиот „балон“ во Перм со Италија

Од списокот на кој се најдоа 15 играчи, во протоколот за дуелот против „азурите“ ќе бидат 12, а од игра отпаднаа Филип Бакоч, Виктор Ефремовски и Лука Савичевиќ, кои шанса да настапат во националниот тим ќе чекаат во нареднитенатпревари. 

По Италија, момците на Тодоров веднаш ќе се свртат кон утрешниот дуел со Русија, па на 21 пак ги очекува дуел со селекцијата од „чизмата“, а ден подоцна со Естонија