Тодоров: Чувствувам гордост и разочарување, Нено докажа дека е вистински патриот

Македонија успеа да ја совлада Естонија, но сепак остана надвор од репрезентациите кои ќе учествуваат на Евробаскетот.

Селекторот Александар Тодоров по мечот рече дека е горд на оствареното, но и разочаран од конечниот резултат во Перм.

„Ние го загубивме мечот во првото полувреме, кога дозволивме многу лесни поени, тројки и забивања. Се обидовме да избориме продолжение, но тие ја прочитаа нашата идеја. Ние сме единствени со две победи од овие квалификации кои не обезбедија пласман на Евробаскетот. Разочаран сум, но истовремено и горд на овие момци. Овојпат не беше доволно за успех“, рече Тодоров.

Запрашан околу играта на Димитријевиќ со мала повреда тој рече:

„Благодарен сум што Димитријевиќ играше, докторите направија чудо. Само вистински патриоти кои ја сакаат својата држава го прават тоа. Тој го докажа тоа денес. Играше со болка, очекувам да биде лидер во иднина“, заврши македонскиот селектор.

  • Прес-конференцијата на македонската репрезентација:

Одбраната на македонската репрезентација потфрли, а и лошата организација во нападот придонесе во овој резултат против Естонците.