• Саше Љолес
Репрезентацијата на Сoединетите Американски Држави е првиот учесник во големото финале на женскиот кошаркарскиот турнир во Париз. Американките не ѝ оставија никакви шанси на Австралија во полуфиналето и со убедлива победа (85-64) стигнаа до натпреварот за златниот медал на Олимписките игри.
„Кенгурките“ одиграа солидно само во последната четвртина, кога нештата беа веќе решени, додека Американките беа на висина на задачата и немилосрдно го полнеа кошот на ривалот. На паузата резултатот гласеше 45-27, а во третата делница разликата се зголеми за уште осум поени.
Целосниот потоп за Австралија беше манифестиран со +27 во пресрет на последниот период, во кој Соединетите Американски Држави малку подзапреа и чуваа силите за финалниот натпревар, па поразот на крајот беше малку поподнослив, 85-64
Најефикасна во победничкиот состав беше Бреана Стјуарт со 16 поени, додека кај Австралија 11 поени постигна Изобел Борлајс. Второто полуфинале вечерва во „Париз Берси“ го играат двете европски сили, Франција и Белгија.