Нашиот јуниорски тим подобро се снајде во финалните минути и ја совлада Грузија на Челенџер турнирот за кошаркари под 18 години во Скопје. Изедначен натпревар одиграа Македонија и Грузија, но во финишот, кога беше најпотребно стигнавме до голема победа од 69-66, која носи уште поголема самодоверба кај нашите јуниори пред продолжението на собирот во Скопје.