На отворањето на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2019 година, кошаркарките на Македонија во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Италија со резултат 52-61 (25-33). Селекторот Лазовски на денешниот натпревар не можеше да смета на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и Ивона Пејковска, а како знак на поддршка пред почетокот на натпреварот нашите репрезентативки на бела трака ги испишаа броевите на повредените репрезентативки.