Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна евро-квалификациите во „балонот“ во Рига. Попладнево подобри од кошаркарките на селекторот Ѓоровиќ беа хрватските кошаркари кои континуирано водеа од првата до последната минута. За разлика од поразот во Скопје, кој беше убедлив и висок, три четвртини Македонија беше рамноправна, но на крајот попушти и загуби со 80-62 (28-17, 18-18, 21-16, 13-11).