Деветнаесеттото коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија со себе носи неколку интересни натпревари, кои имаат директно влијание во изгледот на првенствената табелата. Некако во „преден план“ доаѓа средбата во која ќе се сретнат екипите на Феникс 2010 и на ТФТ Mozzart. Ќе се игра вечерва од 20:00 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.