Кошаркарите на Чаир 2030 ѝ го нанесоа првиот пораз на ФМП Акадедмија во плеј-аут сегментот, во рамките на последното шесто коло со 82-95. Веројатно уморот на домаќинот кој вчера одигра тесен дуел со Струмица беше пресуден, па гостинот во Кисела Вода дојде до победа со двоцифрена разлика.