Македонскиот претставник во регионалната АБА-2 лига, екипата на ТФТ, конечно успеа да победи во натпреварувањето. Во балонот во Златибор, тафталиџани тргнаа со победа над Подгорица по драма и продолженија (93-95). Клучни играчи за тимот на Смилковски беа Александар Костоски кој покажа одличен шут, како и Американецот Дупри МекБрејер кој блескаше во екстра-времето.