Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје успешно ја отвори 2021 година и во првиот меч од домашниот шампионат славеше над Вардар (67-100) во натпревар во кој доминираа „штрковите“. Сите четири квартали ги доби фаворитот и тоа со солидна разлика, за да дојде до посакуваната победа со „стотка“. Разликата растеше од четвртина во четвртина, а МЗТ најмногу се истакна во последните десет минути, кога и со комбиниран тим успеа да му даде 33 поени на Вардар, што беше најмногу во натпреварот. МЗТ оваа сезона има пет натпревари во македонската кошаркарска елита и со скор 3-2 се наоѓа на делба на седмата позиција со Куманово. Вардар, пак, по седум меча има скор 1-6.