Кошаркарите на МЗТ Скопје демонстрираа сила и ги казнија сите грешки на Пелистер, па со 86-62, славеа во третиот натпревар од финалната серија на Првата лига. Средбата во СЦ „Јане Сандански“ беше неизвесна само на стартот, потоа момците на Марјан Илиевски излегоа од ритам, а шампионот не им прости и го „наполни“ нивниот кош за нова предност во финалето. Така, наместо одлична кошаркарска претстава, за која придонесоа „Фемили Аеродром“ и „Чкембари“, се гледаше извесен натпревар.