Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација, Дамир Мулаомовиќ го објави списокот од шеснаесет играчи кои ќе ја претставуваат Хрватска на Евробаскетот што ќе се одржи од 1 до 18 септември. На него го нема Анте Жижиќ, поранешен НБА играч и до неодамна играч на Макаби од Тел Авив. Жижиќ е еден од најдобрите хрватски играчи и изненадување е што Мулаомеровиќ го остави надвор од списокот.