Екипата на ТФТ Скопје со победа ја запечати успешната 2022 година, во која го освои Купот на Македонија, за првпат играше на меѓународна сцена, а дебитираше и во АБА-2 лигата. Во рамки од 11. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, тимот од Тафталиџе со убедлива победа се враќа од Куманово, откако на домашниот тим му нанесе пораз од 71-82.