Ако светската ситуација беше нормална, в петок ќе гледавме четири многу интересни натпревари во Евролигата. Вака, поради конфликтот на Русија и Украина в петок на програмата се само два натпревари. Жалгирис од 19:00 часот ја дочекува Барселона, а Монако еден час подоцна игра против Ефес. Мечевите кои нема да ги гледаме се Зенит – Панатинаикос и Баерн – Уникс. Сите руски клубови се суспендирани и само се чека одлука од Евролигата за судбината на резултатите.