Кошаркарите на МЗТ Скопје следната сезона ќе се натпреваруваат во најсилната АБА лига, без оглед на резултатот во финалето на АБА2 турнирот в недела против Златибор. Со триумфот над Широки Брег, аеродромци се пласираа во битката за трофејот, а бидејќи ривалот не може да игра директно во Јадранската лига, дури и да победи во финалето ќе мора да игра бараж.