Регионалниот кошаркарски првак Црвена Звезда неуспешно ја заврши италијанската турнеја, со пораз на гостувањето кај Олимпија Милано (68-74) во рамки на 23-тата рунда во Евролигата.
Американскиот кошаркар на Макаби, Остин Холинс ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на коленото, јавуваат израелските медиуми. Холинс во следните неколку дена ќе биде опериран, а потоа американскиот кошаркар ќе отсуствува неколку месеци.
Кошаркарите на Партизан забележаа пораз на гостувањето кај Макаби во Тел Авив со резултат 90-81 и така ја завршија серијата од четири последователни победи во Евролигата, додека израелскиот тим по осми пат сезонава го одбрани својот терен со само еден пораз, тој од Барселона.
Кошаркарите на Црвена Звезда како да се претплатени за трилер-завршници во новата сезона во Евролигата. Шампионот во АБА лигата вечерва ја забелеажа третата победа во низа, извојувана по голема драма против Макаби Тел Авив (69-68).
Кошаркарите на Олимпијакос забележаа четири победи на стартот од Евролигата (Барселона, Жалгирис, Реал, Басконија), но во петтото коло на свој паркет беа надиграни и совладани од Монако со 81-76, па сега двата тима имаат скор од 4-1.
Екипата на Олимпијакос ја забележа првата домашна победа во новата сезона од Евролигата. По сензационалниот триумф над Барселона во првото коло, грчкиот гигант вечерва немаше многу мака против Жалгирис и пред својата публика славеше со 90-80.
Хрватскиот центар Анте Жижиќ имаше страшен пад на пресметката меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Хаифа во израелското првенство. 25-годишникот набргу потоа загуби свест, беше пренесен во болница и хоспитализиран.
Екипата на Реал Мадрид на домашен терен убедливо славеше над израелски Макаби (95-66) и е единствениот тим кој во четвртфиналната серија во Евролигата има предност од 2-0.
Шпанскиот кошаркарски великан Реал Мадрид ја искористи предноста на домашниот терен и славеше во првата пресметка од плеј-офот против Макаби Тел Авив (84-74) во рамки на Евролигата.
Шпанскиот кошаркарски гигант Барселона со убедлив пораз го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Со победа од 24 разлика (80-104) од Каталонија се враќа екипата на Макаби Тел Авив, која што ја продолжи низата позитивни резултати во елитата, запишувајќи го петтиот триумф од исто толку натпревари.
Големите промени во тимот на Макаби Тел Авив донесоа позитивни промени. Така, во дуелот од заостанатата програма на 21. коло на Евролигата, израелскиот гигант извојува победа на гостувањето кај Панатинаикос со 83-95 и остана во игра за што е можно повисок пласман во разигрувањето.
Кошаркарите на Црвена Звезда ја впишаа четвртата последователна победа во Евролигата, откако во салата „Александар Николиќ“ со сигурна игра во текот на сите 40 минути по Реал Мадрид, падна и Макаби со 84-77.
Новак Ѓоковиќ одново ја покажува својата љубов кон кошарката и Црвена Звезда. Тенискиот ас вечерва повторно е на трибините во белградската „Штар Арена“ и ги бодри „црвено-белите“ на натпреварот против Макаби.
Првично не беше планирано Црвена Звезда и оваа недела да има двојна програма во Евролигата. Но, корона вирусот ги натера „црвено-белите“ да одиграат одложен меч со Реал два дена пред „регуларниот“ натпревар од 29. коло со Макаби (четврток, 19:00 часот), односно два дена по вечното дерби со Партизан (98-74).