Кошаркарите на МЗТ Скопје во 13. коло од АБА Лигата во салата „Јане Сандански“ ја пречекаа екипата на Унион Олимпија од Љубљана. По серијата од шест порази во серија и смената на Алеш Пипан, МЗТ Скопје конечно забележа победа со убедливи 81-62 (17-14, 21-10, 23-14, 20-24). Уште на самиот почеток на натпреварот, домашните кошаркари со цврста игра покажаа дека победата е императив за нив, за излегување од кризата.