На денешен ден 1989 година, со победата во Минхен против Макаби Тел Авив во незаборавен финален викенд, југословенскиот шампион Југопластика ја освои првата од трите европски титули и го започна походот низ Европа. Иако како тотални аутсајдери влегоа на турнирот, момците на Божидар Маљковиќ, со младиот Тони Кукоч во главна улога го декласираа израелскиот гигант и ја подигнаа целата земја на нозе.