Екипата на МЗТ Скопје ја загуби драмата против Цибона и забележа нов болен пораз во АБА лигата, прв откако на чело на тимот седна српскиот стратег Драган Николоќ. Македонскиот претставник во елитата одигра фантастичен натпревар во Загреб, долго време имаше водство, но во самиот крај како да испушти здив и прво дозволи домаќинот да се избори за продолжение, а потоа и да слави голема победа од 87-85 (75-75).