Кошаркарите на Пелистер запишаа победа во рамките на 12. коло во АБА-2 лигата, против екипата на Слога со 93-96. Битолчани по неуспехот против Крка, дојдоа до прво славје на „балонот“ во Широки Бријег во „Градската спортска сала Пецара“. Со овој триумф избраниците на Марјан Илиевски си го обезбедија местото меѓу осумте најдобри и пласман на завршниот турнир, што е голем успех за вицешампионот и ќе имаат можност следниот месец во Домжале да се бори за место во АБА лигата.