Кошаркарската сезона се вжештува. Веќе ни претстои третото коло од АБА лигата, во кое македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе ја брка првата победа по враќањето во елитата, Партизан Mozzart Bet за првпат ќе игра пред својата публика, а дербито на колото од регионалното натпреварување се игра во Љубљана, каде Цедевита Олимпија ја пречекува Црвена Звезда.