Со добра игра на домашен терен во Бадалона, Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд ја прекинаа серијата од четири порази во Ендеса лигата, откако во пладневниот термин денес триумфирашаа против Мурсија со 104-93. Пред очите на селекторот Александар Тодоров, кој во Каталонија го следеше настапот на нашиот плејмејкер, Хувентуд одигра одличен финиш и впиша значајни бодови.