Уште еднаш во текот на оваа сезона, едно првенствено коло ќе биде реализирано онекоку различни термини. Јасно е зошто, ако се земе в предвид дека три наши екипи се дел од регионалните натпреварувања како АБА и АБА2 лигата. Оттука три натпревари во кои не се „инволвирани“ екипите на МЗТ Скопје Аеродром, ТФТ и Пелистер, ќе се одиграат вечерва.