Во седмото осминафинале на Евробаскетот, чија завршница се игра во Истанбул, европскиот шампион Шпанија ја совлада домашната Турција со 73-56 и обезбеди четвртфинале против Германија. Во тврд и лош натпревар за гледање, Шпанија не со своето најдобро издание, но сепак успеа да ја победи збркната домашна селекција.