Македонската кошаркарска репрезентација дојде до нова победа, трета во претквалификациите за ЕП 2021 година и ја совлада Словачка, а повторно прво име беше Ричард Хендрикс, кој пристигна во Скопје без тренинг, но блесна и одигра во полн сјај. Американецот беше прво име меѓу поентерите и скокачите, оствари дабл-дабл учинок и на паркетот се однесуваше како воопшто да не бил болен. Поддршка имаше и од повратникот Бојан Трајковски, како и од капитенот Војдан Стојановски, но и од останатиот дел од тимот кој донесе нова кошаркарска радост. Македонија ја чека уште еден меч во претквалификацискиот циклус за ЕП 2021, против Швајцарија на гостински терен во јуни.