На емисијата на популарниот Конан О'Брајан, која е од забавен карактер, беше направена невкусна шега, која не им се допадна на српските медиуми. Познатиот американски комичар направи реприза на финалето на кошаркарскиот турнир во Рио, каде САД убедливо ја совлада Србија и стигна до нов златен медал. Сепак, српските медиуми го осудија ваквиот начин на прикажување на нивните кошаркари и целата работа ја сфатија како понижувачка.