Американските медиуми веќе ја објавија половина од екипата на Соединетите Американски Држави која ќе игра на Светското првенство (СП) во кошарка, кое е закажано во септември, а на кое земјата важи за прв фаворит за златото.
Легендарниот кошаркар на Јута Џез, Карл Мелоун кој играше две финалиња во НБА-лигата против Чикаго Булс, стави на аукција многу вредни сувенири од неговите играчки денови и успеа да заработи огромна сума од продажбата.
Андре Игудала, одличниот американски кошаркар, изјави дека тимот на Соединетите Американски Држави од 2012 година ќе го победел оригиналниот „дрим-тим“ составен во 1992 година.
Предводникот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, се наоѓа на чекор од нова работа, која ќе му овозможи да го преземе селекторското место во кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.
Кошаркарската селекција на Мексико приреди сензација во квалификациите за следното Светско првенство, затоа што извојува голема победа над Соединетите Американски Држави, со резулат 97-88.
По освојувањето на златото на кошаркарскиот турнир, селекторот на американските кошаркари, Грег Попович, рече дека никогаш не почувствувал толкава одговорност како со репрезентацијата на Соединетите држави.
Иако почнаа со пораз американските кошаркари ги добија преостанатите пет дуели и четврти пат по ред се олимписки шампиони. Во динамично финале, тимот на Грег Попович ја совлада Франција со 87-82, и им се реваншира на „петлите“ за поразот во првото коло од групната фаза. Ова е првпат Американците да освојат олимписко злато со пораз на патот до него или вкупно шеснаесеттти најсјаен медал од деветнаесет олимписки турнири на кои најкошаркарската земја учествувала.
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави одново се главен фаворит за златниот медал на Олимписките игри, каде што во финалето ќе се пресметаат со Франција.
Олимпискиот победник на машкиот кошаркарски турнир, селекцијата на Соединетите Американски Држави ќе го брани златото од Рио Де Жанеиро, откако утрово си ја заврши работата во првото полуфинале во Токио, победувајќи ја Австралија со 97-78.
Поразот од Соединетите Американски Држави во Токио е последниот натпревар на кој Пау и Марк Гасол се појавија во дресот на репрезентацијата на Шпанија.
Американската кошаркарска репрезентација е вториот четвртфиналист на олимпискиот турнир, откако во дуелот на титаните во „Саитама Супердом“ го совлада шпанскиот национален состав со 95-81. „Фуријата“ на Скариоло беше подобар ривал во првиот дел, но „блек-аут“ од лоши пет минути во третата четвртина ги чинеше пораз и елиминација.